Изгореа две куќи во Скопје, повредено едно лице

Педесет и седум годишен скопјанец се здобил со повреди при обид за гаснење на пожар што избувнал вчера попладне во куќа во Скопје.

Во СВР Скопје вчера во 16.20 часот било пријавено дека на улицата „Хаџи Николов“ настанал пожар во куќа сопственост на 43-годишниот А.Г., при што била зафатена и соседната куќа, сопственост на М.Т. на 34 години.

При обид за гаснење на пожарот со повреди се здобил 57-годишниот Г.Б., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, информира денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната бригада Скопје.