Изгореа куќи во Скопје и Битола, повредени нема

Целосно изгоре куќа во Битола во неделата утрото, а во саботата попладнето скопско семејство остана без покривот од својот дом откако избувнал пожар, соопшти Министерството за внатрени работи

Утринава во 3,30 часот телефонски во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека во населбата Баир, лоцирана над магистралниот пат Прилеп-Ресен (обиколница Битола), избувнал пожар во куќата сопственост на С.Р.

Пожарот бил локализиран во 4,15 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица-Битола. Од пожарот куќата целосно изгорела, а повредени лица нема. Увидот ќе се врши во текот на денешниот ден.

Во текот на вчерашниот ден во 17,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Д.А. пријавил дека 30.08.2018 година околу 17,00 часот избувнало пожар во куќата сопственост на П.А. (21) од Скопје при што интервенирале три возила на Бригадата за противпожарна заштита-Скопје и пожарот бил локализиран, инфомираат од МВР.

Во пожарот изгорела кровната конструкција од куќата. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.