Изгореа три автомобили на ул.„Орце Николов“ во Скопје

На 19.08.2020 во 18: 20 часот било пријавено дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје Н.М.(30) од Гевгелија, додека го стартувал неговото патничко возило „рено меган“, со гевгелиски регистарски ознаки, настанал пожар. Од пожарот биле зафатени и патничко возило „фолксваген голф 6“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.А.(19) од Скопје и патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(68) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Фото: архива