Изградба на воена база – причина за присуството на руски авиони во Каракас?!

972

Началникот на одделението „Мобилизација” на Генералштабот на Русија, генерал-полковник Василиј Тонкошкуров денеска слета со два воено-транспортни авиона во Венецуела, известуваат светските агенции.

Вкупниот број на војници во „делегацијата“ е 100. Двата авиона се Ан-124 и Ил-62. Летот се одвивал по рута Москва-Дамаск-Каракас, со привремено слетување во Сенегал. Не се соопштува што се превезувало со авионите.

Официјалната верзија е дека руската армија пристигнала со цел да спроведе билатерални консултации со претставниците на венецуелната армија, по потпишаниот договор меѓу двете страни. Руските воени претставници биле пречекани од високи раководители на венецуелската армија, на националната гарда и претставници на руската амбасада во Каракас.

Неофицијално, неколку часа по истоварот, двата руски авиона се упатиле назад кон Сирија.

Една од можностите за доаѓањето на руските војници е создавање на воена база на венецуелска територија, соопшти rusjev.net. Според информациите, војниците требало да разговараат за локацијата и снабдувањето со потребните ресурси, како и други детали околу изградбата на воени објекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.