Изгубени, па пронајдени планинари на Галичица

Двајца жители на струшкото село Радолишта вчера се загубиле на планината Галичица, но биле пронајдени утрово, информираше МВР:

Охриѓанецот Б.Т.(44) околу 18 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид пријавил дека истиот ден околу 16 часот телефонски се слушнал со неговите пријатели Г.А. и Р.Т. од Радолишта, кои му кажале дека се наоѓаат на планината Галичица, но дека не ја знаат точната локација.

Возилото со кое биле, претходно го оставиле во село Велестово. Од тој момент до 21 часот лицата биле недостапни на своите мобилни телефони. Во 21 часот со Г.А. и Р.Т. бил остварен телефонски контакт, по што во 5 часот утрово двајцата биле пронајдени.