Излегувањето на САД од СЗО стапува на сила во јули 2021-ва

Излегувањето на САД од Светската здравствена организација (СОЗ – WHO) ќе стапи на сила на 6-ти јули 2021 година, објавија Обединетите нации откако мина повеќе од еден месец откако го примиле официјалното известување за тоа од американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп морал една година порано да извести за повлекувањето на САД од СЗО на којашто Вашингтон е должен да ѝ плаќа финансиска поддршка. САД на СЗО му должеле над 200 милиони долари, според официјалните страници на организацијата. Според Трамп, со околу 450 милиони долари годишно, САД се убедливи најголемиот финансиер на СЗО, и често први споредба со Кина од каде започна пандемијата со коронавирусот, која во организацијата уплаќа 40 милиони долари.

По повеќе од 70 години членство, САД одлучија да истапат од СЗО откако претседателот Трамп ја обвини оваа организација за многу слабиот одговор на пандемијата и дека станала марионета на Кина кога се појави коронавирусот во декември минатата година во кинескиот град Вухан.

„Генералниот секретар во моментов проверува со Светската здравствена организација дали се исполнети сите услови за ваквото повлекување“, изјави портпаролот Стефан Дужарик.

Трамп во април го запре финансирњето на СЗО која брои 194 членки и без чии средства организацијата многу потешко ќе функционира, а потоа во писмото од 18-ти мај даде рок од 30 дена СЗО да се обврзе дека ќе се реформира. Најави дека САД ќе ја напуштат СЗО за помалку од две седмици по истекот на овој рок.

СЗО е независно меѓународно тело кое соработува со Обединетите нации. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, истакнуа дека СЗО е „апсолутно критична кон светските напори за остварувањ на победа во војната против Covid-19“.

Трамп, кој е привразник на политиките на свртувањето на САД кон себе и се противи на глобализмот и особено на мултилатералните договори, се концентрира на својот концепт „Америка на првото место“. Откако тој дојде на власт, САД се повлекоа од низа организации во кои се убедливо најголемите финансиери, како Советот за човекови права при ОН, од Парискиот договор за климатските промени, УНЕСКО, од Договорот за иранската нуклеарна програма, неколку регионални економски договори кои ги замени со нови спогодби. Трамп го намали и финансирањето на агенциите на ОН за населението во светот и за помош на палестинските бегалци. Трамп, исто така, најави и повлекување на САД од неколку договори кои се однесуваат на воената сфера и безбедноста и бара да бидат склучени нови со Русија, која ја обвинува за наводно нивно кршење, како и да биде вклучена и Кина.