Излета автомобил од пат, тешко повреден возач

На 02.11.2022 во 04.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат с.Зрновци-Пониква, кај место викано „Дупли кривини“, патничко моторно возило „опел тигра“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.С.(33) од Кочани, излетало од патот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот П.Ј.(25) од Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.