12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Излез од сегашниов кенеф

Сите се на бусија, фронтовски линии, Франција го имаше Мажино, ние Пржино. Тоа Пржино полека ги пржи и цврчи неговите креатори и нема оправдание дека тоа морало.

Нејсе, поголемиот дела од помладата генерација во Македонија го живее тразицискиот вулгарен период каде со земјата владеат партии како картели, а не сериозни бренители на интересите на граѓаните. Црквата има задача да се бори за нашите души и спасение и вечен живот, а партиите благодат на овоземниот живот. Ако во тоа спаѓа и идентитетот – секако дека треба крваво да се борат исто како за секоја корка за напатениов народ. Но, секој од вас проблемот го детектира во политичарите, биле корумпирани ова-она веќе се меле истата лепешка и до згрозување повраќаат. Политичарите ние ги направивме и ние ги бираме, затоа што народот не знае, не сака или мрзелив е и навикнат е некој друг да му ја заврши работата. За жал, еве од осамостојуавањето наваму, ретко кога нарадот покажал дека може силно да здрма, има пар јаки моменти-моменти, но некако избледеа.

Од каде да се почне? Нова партија? Нови политичари? Не, џабе е, наследуваат систем во кој мора да преживеат, а оваа земја е правена да биде рекетарска и тоа е во длабока основа. И оваа моја требилница по фонтови ја правам во време пост-референдум-пре-гласње и сите урлаат со своите пароли од својот ров. И што потоа?

Во кој и каков систем после ако ја спасиме и ќе продолжи? Иститот!?! Ново СЈО кое контра ова ќе го направи што овие го прават? Некој нов договор? Свирипичински? И пак нема да биде подобро. Еве ќе кажам зошто и идејата доаѓа од еден мој гледач кој со години наназад, повеќе од 15, контактираме во жвио во емисија. Имено, човекот е у трилепе заминат и нема намера да се врати. Си ја сака земјата, прави за неа колку може и умее, но она што ми го кажа ме замисли.

Имено да скратам и прафразирам еве што поентата – земјата одмaна нема суверенитет, ќе владе оној кој меџународната ќе го благосиа без оглед што се размачкуваат тоалетни по социјални мрежи за правдина – а, таа ја нема. Ние имаме партизирано судство кое секој кој е на власт го контролира. Низ таа призма луѓето страдаат на најзаебан можен начин, рекeтарството не може да се спречи, оти судиите ќе пресудат со дојава ако рекетарот има врски у партијата на власт, а кој пак нема, нели? Фирма не може да си наплати долгови оти другата страна не плаќа, а судиjата го игнорира оти има врску у партија … и така натаму да идеме до најситен сегмент на непрвдини, па до најкрупен, ретко кој кај нас е задоволен од правдата. Само од таму и таму може да помине револуцијата, не зна улици и не со кретени на фејзбук кои прераскажуваат полициско – џандарски билтени со кои ги брифираат што ќе биде и кој што ќе прави.

Искрено мислам дека Македонија и Македонците не можат да го воскреснат судството и правдата оти и тие судии се во толку корумпиран систем да и најпоштениот не може да направи промена. Македонски Џовани Фалконе!?!? Нема шансони! Но, еден човек и неговата жртва направи огромна општествена промена во Италија, СЈО сигурно не е тоа, за жал.

Осветата не е правда, да се разбереме. Па како? Е вака, потполно губење на надлежностите на државата врз судството и формирање меѓународен „борд“  на судии кои би дошле овде со своите тимови и кои ќе конторлираат и судат независно од внатрепартиските и локално мафијашките влијанија. Ние ќе мора да молиме тим од руски, кинески, американски, европски судии кои би се истовариле како во Нормандија, па потоа да видите како ќе се случи Данкирк, иде Динав ќе биде. Тоа е  визијата која ја поддржувам и ги игнорира во потполност сите добри надежи на млади правници и судии кои мислат дека можат да направат промена. Јас сум убеден дека и животот да го дадат не можат, дека само нешто да се домкне од друга планета, некоја елиен раса на која никој нема да може да влијае може да не извади од калта на егистенцијалното квази-битисување. Имиња, презимиња, идентите и се останато потоа ќе се брани со закон, не со ура-ура, ама тоа е најмалку битно, џабе ни е ако го сочуваме името, а останеме вилает на „драг лордс“ кои секој ќе си владе во својот двор, статус на Панама ќе ни биде сон за рајот наскоро. Но, еве #јанкосвињадебела си го окрка бурекот, си кажав, хејтерите ќе се занимаваат со мене затоа што статус кво му одговара само на корумпираниот. За жал, ЕУ и НАТО ќе не придобиеја одмнa ако ова ни го споведеа со иста сила моќ како Пржинскиoт, ама ни Сорос ни странците не мрднаа со прст (не, не ме мрсете – барале реформи во судството, курац-од-офца беше се тоа) но изгледа и ним им одговара ваквиот систем тука. Македонија ќе се разбуди кога судот на Обединетите Нации ќе ги преземе сите ингренции врз нашиот правен систем.

Овер енд аут!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес