„Излези гласај“ укажува на корупција со хуманитарна помош од членови на СДСМ во Струмица, Куманово и во Шуто Оризари

Во третиот извештај од мониторингот на предизборните активности Граѓанската акција за Македонија „Излези гласај”, реагира и алармира на постоење на организираното делење на прехрамбени продукти во повеќе градови низ државата, со особен фокус низ ромските маала во Струмица, Куманово и во Шуто Оризари.

„Организираното делење на прехрамбени продукти се спроведува од членови кои се идентификуваат како структури на владејачка партија и водат списоци за истото. Видеото кое го споделуваме покажува дека постојат и списоци од кои се гледа дека луѓето на кои им е доделена помош се евидентираат со нивните лични податоци“, истакнуваат од оваа организација и додаваат:

„Предупредуваме дека сомневањата се дека не се работи за хуманитарна мисија туку за корумпирање на гласачи. Истата помош се дели од страна на членови и структури на владејачката партија. Со оглед на тоа што се наоѓаме во период пред избори, тоа може да се сфати како предизборен поткуп и изборна манипулација на луѓе од владејачката партија со изборниот електорат“.

Граѓанска акција за Македонија „Излези гласај“ ги повикува МВР и народниот правобранител да реагираат на овој начин на политичка злоупотреба.

Иако изборниот процес е замрзнат тие продолжуваат да ја следат состојбата.