Излезна анекта: Зеленскиј освоил трипати повеќе гласови од Порошенко

Укранскиот комичар Владимир (Володомир) Зеленскиј во неделата во вториот круг од украинските претседателски избори надмоќно го победил досегашниот претседател Петро Порошенки.

Четириесет и едногодишниот Зелинскиј кој во телевизиската серија го глуму претседателот на државата освоил 73,2 отсто, додека Порошенко освојува 25,3 отсто од гласовите, покажува излезната анкета. Зеленскиј и пред две седмици во првиот круг освои двојно повеќе гласови од Порошенко, а пред една седмица пред изборите ва анкетата на агенцијата KIIS покажа дека Зеленскиј ќе добие 72 отсто од гласовите во вториот круг а Порошенко 25 отсто. Минатата седмица, друга анекта на Зеленскиј ќе доби 61 отсто а Порошенко 24 отсто.

Зеленскиј во неделата е казнет со помала парична казна, бидејќи јавно го покажал своето гласачко ливче, кажа шефот на неговата кампања. Покажувањетоа на гласачкото ливче во Украина е прекршок, а со ова правило се штити анонимноста при гласањето. Висината на казната не е е објавена, но се проценува дека не е поголема од 30 долари.

Додека критичарите се прашуваат дали 41-годишниот Зелинскиј има воопшто капацитет да управува со земјата која е истоштена од еконмскиот пад и граѓанската војна и предупредуваат на неодреденост на неговата програма, овој нетипичен кандидат потполно ја искориси разочараноста на Украинците од отфрелањето на етаблираните политички елити, што е глобален тренд но особено силен во Украина оптоварена и со големи корупциски скандали.