Излезни проекции во Австрија: Курц победник, крајната десница падна на трето место

Австрискиот конзервативен челник Себастијан Курц и негвоата Австриската национална партија (ÖVP), победила на предвреемните парламентарните избори со 37,2 отсто од гласовите, но ќе мора да преговара за составување стабилан влада, бидејќи нејзиниот коалициски патрнер десничарската Слободарска партија на Австрија (FPÖ) која поради скандалот од пролетва агуби значителен дел од гласовите и падна на третото место, покажуваа излезните анкети на телевизијата ORF и каналот ОЕ24.

На второто место со 22 отсто од гласовите се наоѓа Социјалдемократската партија на Австрија (SPÖ), додека крајната десна Слободарска партија на Австрија (FPÖ) иако случајот е уште пред суд поради медиумскиот скандал на нејизиониот поранешен челник и вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе, освои 16 отсто од гласовите.

На четвртото место се Зелените со рекордните за нив 14,3 отсто, кои остварија најголем напредок, бидејќи на минатите редовни избори во 2017 година освоија само 4 отсто и не го минаат изборниот праг. На петото место се деснолибералната партија NEOS со 7,4 отсто.

Со овој податок кој се темели на обработена речиси половина од изборниот материјал, Курц во Националниот совет на Австрија (парламенто) освоил 71 мандат, социјалдемократите – 41, „слободарит“ – 30, зелените  – 27, а либералите 14 мандати.

На претходните парламентарни избори, австриските конзервативци добија 31,47 отсто од гласовите, социјалдемократите – 26,86, крајната десница  25,97, NEOS 5,3 a Зелените – 3,8 отсто од гласовите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.