Излезноста до 17 часот 43.89 отсто, највисока во Демир Капија

До 17 часот гласале 43,89% од гласачите во општините каде има втор круг од локалните избори.

Најголема излезност е забележана во Демир Капија каде гласале 76,59% од гласачите. Најмала излезност има во Шуто Оризари каде гласале само 31,76%.

-Според 99,21 отсто од обработените податоци, излезноста на денешниот втор круг од локалните избори до 17 часот на ниво на Македонија е 43,83 отсто, соопшти попладнево портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска.

Гугучевска на прес-конференција рече дека гласањето тече непрекинато освен на две избирачки места, во општините Бутел и Шуто Оризари каде што имало прекини поради технички дефект на УВ ламбите, но не подолги од половина час, поради што и таму гласањето ќе заврши во 19 часот.