Излезноста до 18:30 часот е 48.88 отсто, најголема во Вевчани – најмала во Сарај

Излезноста до 18:30 часот е 48.88%, извести претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Гласале 555.943 гласачи.

Тој напомена дека најголема излезност има во Вевчани, Росоман и Демир Кaпија, додека најмалку се гласало во Сарај, само 28.12%, информираа од ДИК.