Изложба на Академскиот сликар Драги Хаџи-Николов

Во Мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ на 11 јуни (среда) ќе биде отворена изложбата на акдемскиот сликар Драги Хаџи-Николов. Познатиот уметник ќе се претстави со триесеттина дела создавани во последниве неколку години. За оваа пригода, Книгоиздателството „Матица македонска“, подготви каталог за творештвото на Хаџи-Николов. Изложбата ќе ја отвори академик Георги Старделов.

Со оваа излижба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници. Во овој престижен салон на културата и уметноста во изминативе месеци со свои дела се претставија академските сликари Васко Ташковски, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Владо Георгиевски, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Новица Трајковски, Ниче Василев, Стефан Хаџи Николов и скулпторот Илија Аџиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.