Изложба на Маја Кировска и Ангел Миов во Чифте амам

Изложба на Маја Кировска и Ангел Миов ќе биде отворена во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 26 декември 2013 година (петок), во 20 часот.

Маја Кировска во нејзиниот проект „Организми“ прави компарација помеѓу материјалите од природно и артифициелно потекло, поточно помеѓу животинскиот и растителниот свет, кристалите и синтетичките материјали, односно нивната сличност на микроскопско ниво.

Основното прашање кое оваа авторка го поставува е (не)постоењето на граница помеѓу организмите со „интелигенција“ и оние кои се дефинирани како не-живи материи, при што се претставени разни примери на циркуларниот систем кај растенијата, животните и луѓето, но и молекуларни споредби.

Ангажираниот момент во овој проект се базира врз преиспитувањето на нашата свест во однос на декларативното користење и заштита на различните светови и конечно, нашата искрена релација со сите прашања што го засегаат човештвото.