Изложба „Скопје одново“ во МСУ

Во Музејот на современата уметност – Скопје (МСУ), вечер ќе биде отворена изложба со наслов „Скопје одново“, која во фокус го става процесот на основањето на Музејот и на неговата исклучителна меѓународна колекција, со посебен фокус на американските уметници.

Изложбата „Скопје, одново“ е резултат на соработката помеѓу МСУ – Скопје и Амбасадата на САД во Скопје, а кураторки на изложбата се Ана Кац (кураторка во Музејот за модерна уметност во Њујорк – МоМА) и Кумјана Новакова (кураторка соработничка на МСУ – Скопје).

Во рамките на постановката ќе бидат изложени повеќе од 100 дела и архива поврзана со процесот на креирање на колекцијата и кореспонденцијата со авторите на делата. Така, за првпат, МСУ – Скопје ќе изложи дел од личната кореспонденција на авторите како Александер Калдер, Џаспер Џонс, Шила Хикс, Алекс Кац, Јон Григореску, Сол ЛеВит, Вифредо Лам, Мина Ситрон, Џеф Расел, Бриџит Рајли…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.