Изложба „Убавините и богатствата на македонските цркви и манастири“ во Музејот на македонската борба

Во просториите на Музејот на македонската борба – Скопје, в понеделник, 3 март, со почеток во 19  часот, ќе биде отворена картофилската изложба „Убавините и богатствата на македонските цркви и  манастири“. Мотото на изложбата е Сочувување на нашето национално духовно богатство.

Изложениот  материјал е од збирката на д-р Бранислав Светозаревиќ, а збирката ќе ги претстави најзначајаните духовни  светилишта во Македонија низ богат картофилски материјал.

Д-р Бранислав Светозаревиќ (1966) е истакнат колекционер и автор на бројни научни трудови од  областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата. Зад неговото име стојат  повеќе од 15 фотографски, филателистички и картофилски изложби на историски, културни спортски теми.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.