Изложба за Тоше Проески во Музејот на македонската борба за самостојност

Изложба „Спомен куќата на Тоше – чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп икона“ ќе биде поставена утре во Музејот на македонската борба за самостојност.

На изложбата ќе биде претставен животот и делото на Тоше почнувајќи од детството до последните постхумни награди и албуми.

Изложбата е во организација на НУ Спомен куќа на Тодор Проески – Крушево и ќе биде отворена за јавноста до 23 ноември.

Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.