Изложено делото на Климт исчезнато пред 100 години

Платното од јавноста исчезнато пред 101 година, а од земјата било изнесено под чудни околности. Сега овој портрет на жена со разголени раменици е во центарот на малата но експонираната виенска изложба на последните дела на Густав Климт.

Изложена во музејот „Белведере“ во Виена од 24-ти март „Жена со лепеза“, едно од последните дела на Климт, повторно е во родната на уметникот Австрија по еден век.

„Жена со лепеза“ е портрет на неидентификувана жена со разголени раменици пред живописна заднината од птици и цвеќиња. Тое е едно од две недовршени дела на Климт дела пронајдени во неговото ателје по смртта во февруари 1918 година.

Две години подоцна „Жена со лепеза“ е изложена во Виена, но потоа тешко се следи нејзиниот траг. Според објавата на музејот „Белведере“ виенскиот колекционер Рудолф Леополд купи дело од вдовица на индустријалец 1960-те години.

Останува нејасно кога платното ја напуштило Австрија поради продажба на американскиот колекционер. Сликата во меѓувреме во 1992 година изложена во полски Краков.

Австриското биро за културно наследство никогаш не издало дозвола за извоз на делот кое е продадено на аукција во 1994 година во Њујорк за 11,6 милиони американски долари.

Сегашниот сопственик ни знаел за илегално извезување на платното, според директорката на „Белведера“, Стела Ролинг. Австрија за позајмување на делото за потребите на изложбата дала гаранции за имунитет за анонимниот сопственик.

„Сакаше платното да биде изложено во ‘Белведере’ и да биде достапно за јавноста“, вели Ролинг додавајќи дека во моментов музеите во Австрија се отворени со безбедносни мерки поради пандемијата на коронавирусот.