Изложеноста на коронавирусот во авионите е многу мала

Опасноста од изложеност на новиот коронавирус во авионите е многу ниска, покажува во четвртокот објавената студија на американското Министерство за одбрана, што се смета за позитивен сигнал за секторот воздушен сообраќај, тешко погоден од последиците пандемијата на Covid-19.

Според оваа студија спроведена во авионите од типовите „Boeing 777“ и „Boeing 767“ на воздухопловната компанија „United Airlines“, за патниците со маска опасноста од лебдечките честички во областа на дишните патишата изнесува во просек 0,003 отсто, и тоа во полн авион.

„Во рамките на тестовите, резултатите покажаа севкупен низок ризик од изложеност на аеросолиризани патогени микроорганизми како што е Covid-19 во овие авиони“, изјави вицеадмиралот Ди Мевбурн, заменик-командант во американската Транспортна команда.

Студијата ги предвидела условите во коишто само едно лице во авионот е заразено со коронавирусот и незамајќи ги предвид можните движење на патниците во кабината.

Утврдила дека маските помагаат да се минимизира изложеноста на заразата кога некој ќе се накашла, дури и на соседните седишта. Благодарејќи на брзото циркулирање на воздухот, надолу насочената вентилација и системите за филтрирање, околу 99,99 отсто од честичките во интервал од шест минути се профилтрираат надвор од кабината.

„Овие податоци значат дека нема речиси никакви шанси во авионите на ’United Airlines’ да бидете изложени на ризикот од зараза со Covid-19, дури и доколку вашиот лет е полн“, изјави директорот на службата за корисници на компанијата, Тоби Енквист.

Студијата натаму проценила дека за изложеност на заразно ниво на вирусот, патникот би морал во авионот на мине 54 часа, заедно со заразеното лице.

Шестмесечното истражува вклучувало 300 спроведени тестови на 38 часови лет и 45 часови тестирања на земјата. Се засновало на распространувањето на честичките со големина на новиот коронавирус по целата патничка кабина, опремена со сензори наместо со луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.