Измама во Кавадарци

На 15.11.2022 во 21:20 часот во Полициската станица Кавадарци, 60-годишен жител на битолско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.700 денари.

Според пријавеното, лицето му се јавило и се претставило  како менаџер на фирма од Скопје и побарал од него да му организира транспорт од Скопје до Белград.

Исто така, според пријавеното, лицето му побарало и услуга за негов вработен, по што тој се сретнал со едно лице и му ги дал парите.

Како што е пријавено, откако ги дал парите повеќе пати се обидел да стапи во контакт со лицето, но не му било одговорено на повикот и отишол во фирмата каде го известиле дека немаат побарано помош за организирање превоз, по што сфатил дека бил измамен. Се работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.