Измама за два социјални стана во Скопје

Во Полициската станица Центар, вчера во 20.30 часот Ќ.И.(41), од с.Ларце, тетовско, пријавил дека било измамен од Б.В. од Скопје.

Според пријавеното, Б.В. се претставила дека е вработена во државна установа и дека може да заврши работа за да добие два социјални стана во Скопје и затоа во неколку наврати ѝ дал пари.

Откако дознал дека е измамен, Ќ.И. го пријавил случајот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.