Измамен скопјанец кој на паркинг пазарел клима-уред

Скопјанец останал и без парите и без апаратот кој имал намера да го купи, па откако и по два месеца не го добил ветениот клима-уред, случајот како измама го пријавил во полицијата

Во петокот 32-годишниот М.Ц. од Скопје пријави дека на 25-ти откомври на паркинг на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје од страна на М.М. од селото Сопиште му била извршена измама и е оштетен за сума од 40.000 денари.

Измамата е извршена на тој начин што М.М. му понудил на пријавителот клима-уред за пониска цена од реалната, при што М.Ц. му дал 40,000 денари.

До денот на пријавувањето М.М. не му набавил клима-уред, ниту му ги вратил парите и го довел во заблуда стекнувајќи се со противправна имотна корист од 40.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.