Измамени скопјани зимувањето во Банско двојно си го платиле

Четириесет и едногодишната сопственичка на туристичка агенција од Скопје измамила петмина скопјани кои сакале да зимуваат во Банско, Бугарија.

Според полицијата, во јануари годинава петмината скопјани уредно си платиле за шестдневен аранжман во хотелот „Лаки“ во Банско преку агенцијата „ТСЦ Аир Травел“ на улицата Орце Николов во Скопје, сопственост на А.М.. Клиентите потпишале договор и ги уплатиле парите, по што им биле дадено ваучери за хотелот. Но, кога пристигнале во хотелот ги чекало непријатно изненадување сопственичката им уплатила само за дводневне престој, па на рецепција им кажале ако сакаат да седат повеќе ќе мора сами да си доплатат.

А.М. ги оставила скопјани „покуси“ за околу 2.000 евра. Полицијата против неа поднесе кривична пријава за измама.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.