Измамено постаро лице од Вруток – му земале над 500 евра

Вчера околу 10.30 часот во Полициската станица Гостивар, Ш.А.(86) од село Вруток, гостиварско, пријавил дека во близина на гостиварската болница бил измамен од две лица. Според пријавеното, двете лица му се доближиле и едното од нив се претставило дека е од Канада и му побарало пари, наводно, за да плати одредени услуги за сопругата во болницата. Според пријавата, Ш.А. му дал 450 евра и 4500 денари, а како гаранција дека брзо ќе му ги врати парите лицето му оставило лажен златен часовник, кој претходно му го продавал на другото непознато лице. После тоа лицето заминало и не се вратило. Се работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.