Измамник и пазарџија како Заев ниту имало, ниту ќе има, тврди Арсовски

Крајно време е да си заминат Зоран Заев и СДСМ од политичката сцена во Република Македонија. Крајно време е, конечно барем еднаш во животот Зоран Заев да си го одржи ветувањето да се соочи со реалноста дека граѓаните повеќе не го сакаат и да си даде оставкаи да си замине од функциите. Ваков образ ѓон, вакво несериозно дилетантско однесување, ваква пазарџиско – мафијашка политика, ваква мизерна и ништожна појава како Зоран Заев одамна не е видена, ниту пак ќе биде видена во иднина. Ваков лажго, измамник и манипулатор на сопствениот народ и сопствената држава, верувајте граѓани еднаш се раѓа, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ајде сега уште еднаш да ги видиме причините зошто Зоран Заев треба да исчезне од политичката сцена. Тој е најголем срам за граѓаните и за Република Македонија. Тој вети дека ќе си оди од политиката ако ги изгуби изборите, а ги изгуби со 100.000 разлика и повторно не си даде оставка. Образ ѓон. Киднапираше пратеник за да не гласа против неговата Влада како во најмафијашките филмови и молчи 4 дена како да тоа е најнормално. Срам нула. Им изгореа нему и на Венко Филипче 14 граѓани на Република Македонија во тетовската модуларна болница, се ветија оставки, се вети истрага, ниту има истрага, ниту се поднесоа оставки, ниту пак некој сноси одговорност и одговараше. Одговорност нула како и се останато. Проневерија милијарди евра во тендери, поднесени стотина кривични пријави од најразлични граѓани, политички партии, невладини институции до нивните директори и функционери од СДСМ кои што ја водат Владата и сите стојат по фиоки во обвинителството заради спрегата меѓу Заев и правосудството. Одговорност нула и замислете се уште истите тие не крадат нас граѓаните, вели тој.

Арсовски обвини дека шверцуваат дрога кај стигнат луѓе од МВР блиски до Оливер Спасовски и до Зоран Заев, вмешани плус луѓе кои што се беа сомничени од семејството на Зоран Заев, и повторно одговорност нула.

-Крадат преку МВР, крадат преку образование, крадат преку институциите, крадат преку министерство за здравство, крадат од кај стигнат. Единствено што страдаат се граѓаните, а СДСМ се богати на нивниот грб. Затоа, измамникот, лажгото и премиерот во заминување Зоран Заев, треба што побрзо да си даде оставка и да ја ослободи државата, да ги спаси граѓаните и да ја спаси Република Македонија од пропаст. Оставка веднаш!  А, одговорност веднаш потоа, истакнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.