Измамник украл 24.000 денари од пензионер

Измамник украл 24.000 денари од скопски пензионер, кој само што ги извадил парите од банка, информираше МВР.

Според полицијата, вчера во 12.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.С. пријавил дека истиот ден во 11.15 часот на улицата Даме Груев во центарот на градот непознато лице извршило тешка кражба над него.
Додека ги броел парите од пензијата, кои претходно ги извадил од банка, му се доближило лицето и се претставило дека е вработен во банката.

Лицето побарало да му ги даде парите затоа што, наводно, благајничката погрешно му дала пари од трезорот и во тој момент од раката насилно му одзело 24.000 денари и побегнало во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.