Измена на режимот на сообраќај на автопатот Гостивар-Охрид-Гостивар

Од 1 јули до 31 август стартува забраната за движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите кога температурите ќе бидат екстремно високи, соопштува денеска АМСМ.

Забраните за во петок се од 17 до 22 часот, во сабота од 9 до 18 часот, а додека пак во недела од 9 до 22 часот. Во деновите преку неделата при високи температури, забраната важи за периодот од 11 до 17 часот.

За регулирање на сообраќајот е поставена соодветна сигнализација. Оваа забрана важи за сите државни патишта.

Што се однесува на автопатот Гостивар-Охрид-Гостивар ограничувањето стратува на први јули и се однесува на тешките товарни возила до 7,5 тони. Во петок забраната важи од 15 до 24 часот, а сабота и недела од 7 до 24 часот. Забраната за движење важи до 1 септември 2014 година.

Оваа забрана не се однесува на возилата кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни матријали, како и превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта.