Изменет режим на линиите 12 и 73

Претстојниов викенд (6 и 7.10.2018 година), поради одржување на Авто кружна трка на патеката пред МРТ и Скопски саем, автобусите 12 и 73 ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот кој ќе важи во период од 6 до 16 часот и во двата дена од викендот.

Автобусите ќе ги користат околните сообраќајници, а почетна и крајна станица на посочените линии ќе биде автобуската постојка кај Бит пазар.