Измените на Законот за медиуми пред матичната комисија во Собранието

Собраниската Комисија за транспорт и врси денеска треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Предлог законот се носи по скратена постапка, на предлог на пратенциите Арбана Пашоли, Диме Велковски, Исмаил Јахоски, Коле Чаракчиев и Марија Георгиевска.

-Целта на законот е  воведување на начин на изборот на емитување на кампањи од јавен интерес со
цел да се има поголема транспарентност при изборот како и почесто спроведување и емитување на истите со цел на поголемо подигнување на јавната свест. Со Предлог законот се допрецизираат и одредбите за реемитување на програмските сервиси кои се однесуваат за регулирање на авторските и сродни права на територија на Република Северна Македонија. Со предлог законот ќе се овозможи поголема правна сигурност во однос на кампањите од јавнен интерес и нивното емитување, стои во Предлог законот, што денеска е на дневен ред и на собраниската Законодавно правна комисија.