Изминатите 24 часа без смртни исходи од Covid-19, шест нови коронаинфекции

Во последните 24 часа со направени 3.147 тестирања  регистрирани се шест нови случаи на Covid-19, од кои  во Скопје се три, во Тетово има два а во Струмица еден новозаболен.

Истовремено, регистрирани се четири оздравени пациенти од Скопје, Тетово, Делчево и Крушево.

Во изминатото деноноќие не регистрирани починати лица како последица на комплиакциите предизвикани од Covid-19.

Досега во земјата се направени вкупно 870.380 тестирања на короанвирусот со кои од почетокот на епидемијата во земјата кон крајот на февраури 2020 година потвдени се 155.669 зарази. Во меѓувреме оздравеле 149.950 паиценти, починале 5.484 луѓе, а бројот на активни случаи изнесува 235, според службените податоци на Министеството за здравство.