Изминатите две години функционерите на СДСМ беа ангажирани само во вработувањето на роднините

Функционерите на СДСМ и Владата изминатите две години единствено работеа за да ги вработат своите роднини, рече во текот на својот настап во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, портпаролот на опоициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, посочувајќи го непотизмот како еден од најголемите проблеми во државата откако е на власт партијата на премеирот Зоран Заев.

Арсовски истакна дека во споменатиот период функционерите на СДСМ и Владата работеле единствено на вработување на нивните роднини од најтесното семејство на позиции во државни институции во кои платите се далеку повисоки од просечната плата во Македонијам, па дури и повисоки од просечната плата од 500 евра која ја вети СДСМ.

Додаде дека „метлата“ на Заев внатре во партијата не им значи ништо на граѓаните, бидејќи граѓаните гласале за нив, а не за членовите на СДСМ, промената на функционерите требаше да почне од државните функции, а не од партиските.

„Главната тема изминатиов период беше непотизмот каде речиси немаше исклучоци од првите редови на функционерите на СДСМ и Владата каде видовме дека единствено работеле да ги вработуваат нивните роднини од најтесното семејство на позиции во државни институции каде платите се далеку поголеми од просечната плата, па дури и просечната плата која ветуваа дека ќе ја достигнаат од 500 евра која сѐ уште ја нема“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски притоа оцени дека таканаречената „метла“ што се спроведува во СДСМ не претставува никаква одговорност за политичарите од редовите на владејачката партија, коишто треба да сносат одговорност бидејќи тие се избрани од граѓаните и тие во моментов ја водат Владата и државата.

Сметам дека треба да си дадат оставки од нивните позиции каде што во моментов се на функција, бидејќи нив ги избрале граѓаните на Република Македонија, а не ги избрало партиското членство па да мораат да одговораат пред партиските органи. Така да доколку јас се прашувам сметам дека многу поодговорно, поморално, поетички и подобро за граѓаните ќе беше доколку поднесоа оставки од државните функции, заклучи Арсовски.