Изминатото деноноќие 55 лица не ја почитувале забраната за движење, 42 се приведени

Во текот на изминатото деноноќие 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштуваат од МВР.

Исто така, според статистичките податоци, за изминатото деноноќие на 159 лица им се издадени решенија за изолација, а 48 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.