17.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Изминува петнаесетдневниот рок за нацрт уставните амандмани

До петокот треба да биде изготвен текстот на нацрт уставните амандмани во кои, како што најави премиерот Зоран Заев, ќе бидат инкорпорирани поголемиот дел од предлозите на осумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои гласаа за почеток на уставни измени.

Денеска на владина седница ќе биде утврден текстот на нацрт амандманите на Уставот. Веднаш потоа ќе бидат доставени до Собранието, за да се запази рокот од 15 дена што Владата го доби за прецизирање на деталите.

Со доставувањето на Нацрт-амандманите во Собранието, почнува да тече рокот од 30 дена до одржувањето на собраниската седница. Комисиската расправа најверојатно ќе почне на 6-ти ноември, а пленарната на 3-ти декември. За гласање во оваа фаза е потребно мнозинство од пратениците, односно 61 глас.

Владата најави дека во преамбулата при наведувањето на државно-правните традиции ќе се именуваат конкретните документи на АСНОМ и ќе се внесе повикување на прогласот од првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание со неговите конститутивни одлуки. Дескоска вели дека се разговара со Грција околу конкртетизирање на актите на АСНОМ, поточно на делот од манифестот каде се повикува на национална борба во соседните држави, во тој аспект воведувањето на прогласот до македонскиот народ за одлуките на АСНОМ.

Сериозноста на моментот  е зошто се прават уставните измени само во делот на Преспанскиот договор, иако има многу прашања кои во Уставот се недоволно регулирани, како што е ветото на Претседателот на држава или, пак, исклучување на министерот за правда од судскиот совет, рече министерката за правда Рената Десксока.

Дескоска  изјави дека амнестија за настаните од  27=ми април не смее да има. За помирувањето, таа рече дека тоа би бил некаков процес на разговори, преку формирање тело во собранието, чиј состав се’ уште не е дефиниран ниту во моментов е познато како тоа би се формирало.