Изненадувањето Хрватска во финалето на мундијалот

247

Хрватската фудбалска репрезентација се пласираше во големото финале на Светското првенство во Русија, откако во средата вечерта на продолженија на московски „Лужники“ ја совлада Англија со 2:1 (0:1, 1:1)/

Англија поведе веќе во 5 минута, кога Трипиер од повеќе од дваесет метри изведе неодбранлив слободен удар. Меѓутоа, во продолжение од мечот Хрватите се соземаа и прво израмнија преку Перишиќ во 68 минута, а преку Марио Манџукиќ во 109 минута се избори за финалето во коешто во недела ќе се сретне со Франција.

Дуелот започна посакувани за Англичаните, кога хрватскиот капитен Лука Модриќ направи прекршок над Деле Али, во зоната на шутот од 22-23 метри. Кјеран Трипиер го префрли живиот ѕид и го погоди горниот лев агол од голот на Даниел Субашиќ. Рахим Стерлигн со својата брзина во следниот период ја тресеше несигурната хрватска одбрана, а Англичаните беа многу опасни од прекините во намерата да го удвојат водството. Во 14 минута Хери Мегвраер од седум метри со глава шутираше покрај стативата. Првиот удар кон англискиот гол Хрватите го упатија во 20 минута, кога Иван Перишиќ од 20 метри се обиде но не ја погоди рамката од голот. Во 32 минута Иван Ребиќ го упати првиот хрватски удар во рамките на англискиот гол, и тоа директно во голманот Џон Пикфорд. Минута претходно, пак, Хрватите имаа голема среќа кога Хари Кејн од сомнителна ситуација двапати од непосредна близина се обиде да го совлада Субашиќ кој со помош на стативата ја сочува својата мрежа. Во 36 минута Џеси Лингард ја имаше можеби најдобрата шанса во првиот дел, кога осамен од работ на шеснаесетникот биеше далеку од голот.

И во првата третина од второто полувреме Англичаните беа подобри и создадоа две шанси, но во првата Дејан Ловрен му ја симна од глава топката на Хари Кејн, а во втората Вида и Субашиќ го сопреа во пробив Стерлинг. Но од 60 минута хрватската селекција решително тргна по израмнувањето правејќи притисок врз последната одбранбена линија на Англија, која започна со грешки. Перишиќ во 65 минута остро шутираше од 15 метри но летот на топката го погоди Кили Вокер, но сепак по три минути истиот играч решително влета во петерецот по нафрлувањето на Шиме Врсаљко меѓу Вокер и Пикфорд и ја уфрли топката во противничката мрежа. Перишиќ имаше шанса и во 72 минута кога го мина Вокер и од осум метри откосо шутираше остро, но ја погоди спротивната статива. Перишиќ и во 80 минута имаше шанса но Пикфорд ја изби топката пред него, а имаше среќа три минути подоцна кога полуволејот на Манџукиќ кој одеше директно во него. Сепак, последната шанса во регуларниот дел ја имаа Англичаните, кога Кејн непрецизно со глава шутираше од само пет метри.

Гордиот Албион и во првото продолжение ја имаше првата шанса и повторно по изведен корнер, кога Стоунс со глава веќе го совлада Субашиќ, но од гол линијата топката ја изби Врсаљко. Во завршницата на првите 15 минути од продолжувањата Џордан Пикфорд повторно ги спаси Англичаните бранејќи го ударот на Манџукиќ од непосредна близина. Но по четири минути хрватскиот напаѓач беше поуспешен во повторениот дуел на овие двајца актери. Перишиќ со глава испрати една топка во висок лак пред противничкиот гол, а Манџукиќ крај заспаната англиска одбрана се протна од заднина и ја испрати топката во голот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.