Изолацијата поради пандемијата може да придонесе за радикализација, предупредува Европол

Photo by Ina FASSBENDER / AFP)

Мерките за изолација воедени поради сузбивањето на пандемијата на коронавирусот би можеле да ја поттикнат радикализацијата, предупреди во вторникот Европол, укажувајќи на зголемувањето на насилствата од крајната левица и крајната десница во изминатата година.

Економските и општествените последици од пандемијата би можеле да „поттикнат радикализација на поединици независно од нивните идеолошки убедувања“, наведува извршната директорка на европската полициска агенција Катрин де Боле во извештајот насловен „Ситуација и тенденции на тероризмот“, објавен во вторникот.

„Активистите од крајната левица, како и од крајната деаниц, и оние вмешаните во џихадистичкиот тероризам, се обидуваат да ја искористат приликата која ја создаде пандемијата“, истакнува де Боле.

Таа инсистира на фактот дека крајно десничарските мрежи, дури и ако не вршат насилни чинови, поттикнуваат „штетна атмосфера“.

„Таквата атмосфера изградена на ксенофобијата, омразата кон Евреите и муслиманите и противимигрантските чувства би можело да погодува на насилство на радикализирани поединци (….) како што видовме изминатите месеци многу добро“, пишува де Боле.

Во рок една година во текот на 2019 година во три земји се забележани најмалку шест напади (успешни, неуспешни или спречени) кои ѝ се припишуваат на крајната десница, наспроти само еден во текот на претходната 2018 година.

Меѓу нив е и нападот врз синагогата во германскиот град Хале, кога во октомври 2019 години беа убиени две лица. Нападот беше дел од инцидентите поради кои германските сојузни власти забранија три неонацистички групации, од кои последната овој вторник.

На левата страна од идеолошкиот спектар, извештајот донесува листа од речиси четири пати повеќе, или 26 напади од крајната левица и анархистичките групи изведени во Италија, Шпанија и Грција. Бројот на уапсените е за трипати зголемен во однос на претходната година, главно поради насилни протетсти и судири со полицијата особено во Италија.

Извештајот, кој е сочинет на 98 страници, укажува на намалување на џихадистичките напади, благодарајќи најмногу на напорите на безбедносните служби и меѓународната соработка.

Државите членки на Европол докуметирале вкупо седум нападили или обиди за напади во текот на 2019 година, како и 14 спречени. Тоа е вкупно 21 наспроти 24 напади забележани во 2018-та и 33 регистрирани во 2017 година.

Дури и ако Исламската држава и Ал Каеда имаа многу тешкотии, локално се појавуваат мрежи „без организациските врски“ со повисоките хиерархии, се додава во документот во кој се истакнува и истакнува и важноста на саморадикализацијата преку интернет.