Изостанувањето на симптомите кај многу заразени го објаснува неговото ширење

Прелиминарните наоди од две јужноафрикански клинички студии покажуваат дека варијантата омикрон на коронавирусот SARS-CoV-2 има многу поголема стапка на „асимптоматско пренесување“ од претходно соеви на вирусот, што би можело да објасни зошто толку брзо се прошири во светот.

Истражувањата, од кои едното биле спроведено во декември кога заразите со омикрон сојот беа во пораст во Јужноафриканската Република, а втората којашто во исто време повторно ги земала примероците од претходно тестираните испитаници, откриле далеку поголем број луѓе кои биле позитивни на коронавирусот, но не покажувале симптоми во споредба со претходните испитувања.

Во Убунту истражувањето коешто ја оценува ефикасноста на вакцината против Covid-19 на производителот „Moderna“ кај лицата коишто живеат со ХИВ, 31 отсто од 230 учесници кои биле потвргнати на изборот биле позитивни, а сите 56 примероци достапни за анализа на секвенционирање се потврдени како зарази со омикрон сојот.

„Тоа е во остра спротиставеност со стапката на позитивност пред омикрон варијантата, којашто се движеше од помалку од 1 отсто до 2,4 отсто“, наведуваат научниците во соопштението за медиумите.

Во подгрупата во студијата Сосонке во којашто се оценувала ефикасноста на вакцината против Covid-19 на производителот „Johnson&Johnson“, средната стапка на асимптоматското пренесување на вирусот пораснала на 16 отсто во текот на периодот на појава на омикрон сојот од 2,6 отсто од времето кога преовладувале варијантите бета и делта.

„Студијата Сисонке вклучуваше 577 испитаници кои претходно се вакцинирани,…. со резултатите кои укажуваат на висока стапка на пренесување на заразата дури и кај оние за кои се знаело дека се вакцинирани“, наведуваат научниците.

Додаваат дека „повисоката стапка на асимптоматска на пренесување веројатно е главниот фактор за брзото ширење на варијантата омикрон, дури и меѓу популациите со високи претходни стапки на зарази со коронавирусот“.

Јужноафриканската Република од крајот на ноември бележи раст на бројките на заразите со коронавирусот, речиси истовремено кога тамошните научници го предупредија светот на омикрон сојот. Но, новите коронаинфекции од тогаш се во пад. Првите показатели говореа дека новиот бран на заразите е одбележан со помалку тешки форми на коронавирусната болест отколку при претходните варијанти на вирусот.