Изработен автентичен фонт на ракописот на Кочо Рацин од типографот Ѓуровски

Типографот и графички дизајнер Ласко Ѓуровски кој работеше на кирилски фонт за лицата со дислексија  „DyslexicFZF“ сега работи на дигитализација на ракописот и изработка на фонт базиран на оригинални документи напишани од поетот Кочо Рацин.

Тој на својот Фејсбук профил објави слики како изгледа дигитализираниот ракопис на Рацин.

„Се обидувам максимално да ја задржам автентичноста на неговиот ракопис, се разбира, со мали модификации неопходни за негова употреба во нашава, дигитална сегашност. Досега се изработени 24 мали кирилични букви. Да го чуваме и надградуваме македонското културно наследство, да го запишеме во вечноста каде што никој не може да го избрише“,  напиша тој во постот.