Изработена физибилити студија за туристички развој на Гари

Министерството за клутура изработни физибилити студија за ревитализација на дебарско-реканското село Гари во кое во моментов има 75 куќи. Во студијата предвидено е Гари да прерасне во нова туристичка атракција. Куќите ќе се реставрираат со традиционалните материјали и со техники на старите мајстори.

Предвидени се различни содржини, сместувачки и угостителски капацитети, инфо-зони и изложбен простор, организирање  специјализирана летна школа за архитектонска конзервација на традиционалните куќи, како и практична обука, т.е непосредна конзервација на избрани гарски куќи со висок степен на автентична зачуваност, уредување на просторот сретсело и други помали (маалски) плоштади, ревитализација на црквата „Св. Богородица“, која е единствен верски објект…

Според експертите, има реална основа Гари да се ревитализира, зашто е голем интересот на локалното население. Ниедна од 75-те куќи во Гари нема да се продава зашто неговите жители ја одржуваат традицијата на предците да не ги продаваат куќите и да ги остават во наследство. Во минатото селото било раселено и сега живее во два празника годишно – за зимски св. Јован и за летна Богородица. Тогаш доаѓаат и по 200 гости.

Вкупниот буџет за проектот „Култема“ е 88.000 евра, од кои 85 проценти се од ИПА-фондовите, а со 15 отсто учествува Министерството за култура. Физибилити-студијата е поставена на веб-страницата на Министерството и ќе биде доставена до Економскиот совет и до Комитетот за туризам, за да стигне до потенцијални инвеститори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.