Изработени се првите 35.000 домашни платежни картички од НЛБ Банка

94

НЛБ Банка започна со процесот на издавање на домашните платежни картички и веќе се изработени првите 35.000 картички и истите се во фаза на дистрибуција. Од Банката информираат дека сите корисници на финансиска поддршка, кои се распределени во НЛБ Банка, по изработка на домашната платежна картичка, ќе добијат СМС известување дека картичката е изработена и ќе им биде лично доставена на домашната адреса.

За точна и навремена достава на картичката, НЛБ Банка ги повикува сите клиенти кои сè уште не ги ажурирале своите податоци, да го сторат тоа во најкус можен рок, преку веб страницата на Банката на линкот https://nlb.mk/domasnaplateznakarticka.aspx и да ги внесат потребните  податоци. Воедно, по добивање на картичката клиентите ќе можат да ги следат сите свои реализирани трансакции и да имаат увид во состојбата на нивната картичка преку НЛБ мКлик мобилното банкарство кое може да го преземат и користат без дополнителни трошоци и надоместоци.

НЛБ Банката  ја поддржува оваа иницијатива на Владата со изработка и издавање на 113.000 картички. Издавањето на картичките ќе се одвива етапно, а крајниот рок, поставен во Уредбата на владата за издавање на картичките е 18 јули 2020 година. Граѓаните корисници на оваа платежна картичка ќе можат да ги користат средствата до 15 август 2020 година за купување на македонски производи.

За повеќе информации во врска со домашната платежна картичка, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 15 600 и на e-mail: info@nlb или директно да ја контактираат Банката преку нивните социјални мрежи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.