Израел ја нападна инфраструктурата на Хезболах во Либан

Израелската војска изврши уште еден напад врз инфраструктурата на милитантната шиитска исламска група Хезболах со седиште во Либан („Божјата партија“ на арапски) објавија израелските одбранбени сили (ИOC).

„Пред кратко време, ИОС ја погоди воената инфраструктура на Хезболах во Либан како одговор на пукањето вчера (недела) кон израелска територија“, се вели во соопштението на ИОС на својот Телеграм канал.