Израел ја одобри четвртата доза и за постарите од 60 години и медицинскиот персонал

Откако на 30-ти декември беше одобрена и втората „бустер“ доза, или вкупно четврта од вакцините против Covid-19 за лицата со слаби имунитет, Израел во неделата ја одобри и за сите граѓани над 60-годишна возраст и за медицинскиот персонал, објави премиерот Нафтали Бенет.

На прес-конференцијата посветена на ситуацијата со епидемијата на коронавирусот во земјата, Бенет изјави дека министерството за здравство ја одобрило втората дополнителна доза, два дена откако ја одобри и за високоризичните групи граѓани.

„Бранот на омикрон (варијантата на коронавирусот) е тука и мораме да се заштитиме“, изјави Бенет.

Претходно министерот за здравство Начман Аш ја одобри четвртата доза и за корисниците на домовите за стари и немоќни лица.

Израел, покрај тоа, во четвртокот ја прими и првата испорака на апчињата против Covid-19 на американската фармацевтска компанија „Pfizer“, кога бројот на заразените продолжува да рате поради омикрот сојот.

Последните денови Израел бележи голем раст на заразите, но засега не е потврден и нов раст на хоспитализациите. Израелските здравствени власти во неделата потврдија 4.206 нови случаи на Covid-19 во 24 ласата и раст од 195 отсто во една седмица, што може да доведе до зголемен притосок врз болничкиот систем.

„Можеме да предвидиме наскоро 50.000 нови случаи на ден“, предупреди премиерот Бенет и го повтори повикот на масовно вакцинирање за возрасните и децата коишто сѐ уште не ја примила вакцината.

Во земјата со 9,2 милиони жители во која веќе повеќе од половината веќе ја примија и третата „бустер“ доза, потешките случаи на коронавирусната болес се присутни кај невакцинираните, според властите.

Вкупно 1.394.407 случаи на зараза се регистрирани од почетокот на епидемијата во Израел, од кои 8.244 имале смртен исход, според официјалните податоци.