Израел ја осуди турската „инвезаија“ во северна Сирија

Израел остро ја осуди воената операција на Турција во северна Сирија против териториите контролирани од Курдите во земјата и ја предупреди Анкара да не извршува „етничко чистење“ против курдскиот народ.

– Израел остро ја осудува турската инвазија врз курдските региони во Сирија и предупредува против етничкото чистење на Курдите од страна на Турција и нејзините (сојузници)“, се вели во изјавата на изрелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Израел е подготвен да понуди хуманитарна помош на галантниот курдски народ, додаде Нетанјаху.