Израел ги фати двајцата последни Палестинци бегалци од строго чуван затвор

Изралската војска објави во неделата дека ги уапсила двајца палестински затворници од вкупно шесте кои пред две седмици избегаа од еден од најстрого чуваните затвори.

Последните двајца бегалци биле приведени од специјалните сили во текот на потерата во Јенин, северниот дел од палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан).

„Покрај двајцата терористи, уапсени и се и двајца нивни помагачи. Сите четворица се проследени на дополнително испрашување“, соопшти изралеската војска.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет ги пофали сите кои учествувале во потерата по бегалците.

„Би сакал да им се заблагодарам на специјалните сили коишто деноноќно работеа, и во текот на празниците и во текот на шабат, за да се заклучи овој случај“, изјави Бенет.

Минатат седмица израелската војска ги пронајде и приведе другите четворица бегалци.

Шестемина затвореници побегнаа од затворот со максимална безбедност „Гилбо“ на 6-ти септември преку тунел прокопан низ бањите, а за што им била потребна цела годиниа.

Станува збор за затвореници главно осудени на доживотна казан поради терористички напади врз Израел. Петмина се припадници на милинатната групација Исламски џихад која делува во енклавата Појасот Газа, а шестиот бегалец Закарија Зубеиди е високопозициониран водач на Бригадите на мачениците на ал-Акса, коалиција на палестински вооружени групи на Западниот брег.