Израел ги одбил САД да испорачат оружје за Украина

Израел го отфрлил барањето на Соединетите држави да ѝ дозволат на Германија испорака на противтенковски ракети од германско производсто со израелска технологија, пишува порталот Axios повикувајќи се на американски и израелски функционери.

Како што се наведува во информацијата, е директорот во израелското министерство за одбрана Амир Ешел пред две седмици престојувал во посета на Вашингтон на разговори со безбедносна соработка. Притоа заменикот на американскиот министер за одбрана за политички прашања, Колин Кал, го замолил колегата за израелска дозвола на Берлин да ги испорача противтенковските ракети „Spike“’ во Украина, а кои се прозведуваат во Германија во израелски погони. Според лиценцата, Израел мора да ја одобри секоја испорака на оружјето на трета земја.

Ешел го одбил американското барање, велејќи дека неговата земја на Киев ќе му испорачува само несмртноносна воена опрема. Според еден од соговорниците на Axios, Израел стравува дека при украинско користење на тоа вооружување и гинење на руски војници, Москва ќе „нанесе штети“ на израелските интереси во Сирија.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски уште кон средината на март во обраќањето преку видеоконференциска врска пред Кнесетот, израелскиот парламент, бараше високотехнолошко оружје од Израел и оваа земја да воведе санкции против Русија. Но Израел е внимателен во поглед на односите со Русија, посебно поради соседната Сирија, каде што има воена моќ и никогаш таму испорачаните руски противоздушни системи не реагираа на израелските воздушни напади врз ирански цели.

Според информациите на Axios, кога израелскиот министер за одбрана Бени Ганц престојуваше во Вашингтон минатата седмица, во текот на средбата со американскиот колега Лојд Остин и советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џејк Саливан, не било покренато прашањето за испораката на конкретниот вид рекети. Притоа се забележива дека истиот ден Израел испратил 2.000 шлемови и 500 панцирни елеци за украинските цивилни и организации за вонредни ситуации.

Израел постепено зазема „поукраинска“ позција од почетокот на руската инвазија под притисокот на американскиот претседаетел Џо Бајден, посочува порталот.