Израел ги потпиша со ОАЕ и Бахреин договорите кои „го менуваат текот на историјата“

White House in Washington, U.S., September 15, 2020. REUTERS/Tom Brenner

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги потпиша во вторникот во Белата куќа во Вашингтон договорите за нормализација на односите со министрите за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Абдулах бин Зајед ал-Најхан, и на Бахреин, Абдел Латиф ал-Зајани, на церемонијата под покровителство на американскиот претседател Доналд Трамп.

На договорите свој потпис стави и американкиот претедател Доналд Трамп, кој претходно порача дека „многу наскоро“ уште најмалку пет/шест држави ќе ги нормализираат своите односи со Израел, како и дека ова е пат и за договорот со Палестинците, кои инаку жестоко реагираа на договорите на ОАЕ и Бахреин со еврејската држава.

„Тука сме да го промениме текот на историјата. Ова се мугрите на новиот Блиски исток, иднината каде луѓето од сите вери и потекло ќе живеат во мир и благосостојба“, изјави американскиот претседател.

Трамп истакна и дека со овие договори ќе се овозможи соработката меѓу Израел и двете арапски муслимански земји во секторите како што се туризмот, трговијата, здравството и безбедноста, како и дека со нив се овозможува и муслиманите да ги потсетуваат исламските светии во Ерусалим, како што е џамијата Ал Акса.

Таканаречениот Авраамов договор, наречен според личноста важна сите три големи монотеистички религии, е третиот договор за нормализација на односите на арапските земји од рогласувањето на еврејската држава во 1948 година. Претходните мировни договори со муслиманските арапски земји Израел ги потпиша со Египет во 1979 година, а со Јордан во 1994 година од кога и ова кралство доби дозвола да се грижи за муслиманските свети места на Ридот на храмот во Ерусалим.

„Наскоро ќе се придружат и други држави“, рече Трамп по средбата со израелскиот премиер доавајќи дека ќе ги има „меѓу пет и шест“.

Американскиот претседател, кој ја имаше улогата на посредник во постигнувањето на овие договори, во вторникот во разговорот за телевизиската мрежа Fox News призна дека договорите со ОАЕ и Бахреин делумно се и дел од пошироката дипломатска офанзива којашто на договор ќе ги принуди и Палестинците, кои децениските преговори со Израел ги прогласија за завршени по одлуката САД да ја преселат американската амбасада во Ерусалим дефакто признавајќи го Светиот град за израелска престолнина.

Американскиот претседател Доналд Трамп ваквата одлука ја донесе пред две години, кога предизвика остри реакции од муслиманските и арапските земји, а Палестинците објавија за пропаст на децениските израелско-палестински мировни преговори. Остро реагираа и земјите од Европа, според кои источен Ерусалим е дел од палестинските територии окупирани од Израел во војната од 1967 година. Меѓутоа, последните месеци Вашингтон мина на стратегијата на посебни билатерални договори меѓу Израел и спротиставените арапски земји од регионот.

Министерот за внатрешни работи на Бахреин, Калид бин Ахмед Абдел Латиф ал-Калифа во говорот по Трамп рече дека со договорот потпишан во вторникот се „покажало дека е можен, дури и реален’ договорот со Палестинците.

„Сега е потребно активно и без одлагање да се работи за да се осигури траен мир и безбедност кои ги заслужуваат жителите на нашаите земји. Само сеопфатно и одржливо решение на палестинско-израелскиот конфликт врз основа на соживот на две држави ќе биде основа за таквиот мир“, рече шефот на дипломатијата на Бахреин.

Додека шефот на дипломатијата на ОАЕ, Абдулах бин Зајед ал-Нахјан, рече дека по договорот со Израел „на Блискиот исток веќе се гледа промената која ќе се прошири низ светот“. Притоа му се заблагодари на Израел што со овој договор се откажа од најавената анексија на дел од палестинската енклава Западниот брег на реката Јордан, област која Палестинците ја сакаат во составот на нивната идна држава.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека со договорот „би можело еднаш засекогаш да заврши израелско-арапскиот судир“. „Денеска е пресвртниот момент во историјата. Предвестива нова ера на мирот. Тој мир ќе се приширува и ќе вклучува и други арапски држави…“

Премиерот на еврејската држава му се заблагодари на Трамп за поддршката на Израел и напорите за постигнувае мир со арапските земји.

„Мирот кој го склучување денесека, ќе трае долго по пандемијата (на новиот коронавирус. Да го почувствуваме пулсот на историјата денеска“, додаде Нетанјаху.

Во истиот момент агенцијата Reuters извести дека во вртемето на неговиот говор на југот од Израел се огласиле сирените за предупредување од воздушен напад, а израелските медиуми пренесуваат дека две лица се повредени во ракетните напади врз трговски центар во градот Ашдод.

Стотици демонстранти во вторникот протестираа во другата палестинска енклава Појасот Газа пред канцеларијата на Обединетите нации, осудувајќи го договорот меѓу трите држави. „Палестина не е на продажба“, порачаа Палестинците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.