Израел и Палестинците се многу блиску до постигнување на мир, изјави Џон Кери

Израел и Палестинците се толку блиску до постигнување на мир, како што не биле со години наназад, изјавил државниот секретар на САД, Џон Кери при завршувањето на својата последна турнеја на Блискиот Исток, пренесе „АФП’.

„Верувам дека со години не сме биле толку блиску до постигнување на мир, просперитет и безбедност за сите луѓе во регионот, како што заслужуваат“, истакнал тој пред новинарите на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.