11.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Израел им забрани влез на Американски конгресменки Тлаиб и Омар, зашто биле Муслиманки

Израелските власти објавија денеска дека одлучиле да им забранат влез во земјата на две претставнички на американскиот Конгрес зашто биле Муслиманки.

Во образложението се наведува дека им се забранува влез во Израел на конгресменките од Демократската партија , поради нивната поддршка на палестинското движење , што веднаш од ПЛО било прогласено за скандалозно.

Конгресменките Рашида Тлаиб и Илхан Омар требаше овој викенд да стигнат во Тел Авив и да го посетат окупираниот Западен брег и источен Ерусалим , но израелските власти им забранија да влезат во земјата поради нивните наводни противизраелски ставови.

Одлуката била донесена во договор со премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Последните неколку месеци американскиот претседател Доналд Трамп им се нафрли на конгресменките Омар , Тлаиб и на уште две од демократската партија со обвинение за непријателско однесување кон Израел.