Израел има право да се брани, но мора да се создаде независна Палестина, смета Путин

Израел беше брутално нападнат, но решение е можно само преку воспоставување на независна Палестина со главен град источен Ерусалим, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Целта на преговорите треба да биде имплементација на формулата за две држави на Обединетите нации, што подразбира создавање на независна палестинска држава со главен град Источен Ерусалим, којашто коегзистира во мир и безбедност со Израел, кој беше брутално нападнат. Се разбира, Израел има право да се брани. Има право да го обезбеди своето мирно постоење“, рече Путин, нагласувајќи дека „од клучно значење е да се работи за решавање на ова прашање со мирни средства“.

„Како што јас го гледам тоа, во ситуација како оваа и на ова конкретно место, едноставно нема алтернатива за две независни држави“, заклучи тој.