Израел испраќа помош за Украина, Бенет му понудил посредништво на Путин

Израелскиот премиер Нафтали Бенет изјави дека неговата влада и натаму е „умерена и одговорна“ во поглед на судирот кој ги тестира врските на Израел со Русија и со Украина, а во разговорот со рускиот претседател Владимир Путин понудил посредништво во напорите за прекин на огнот.

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на израелскиот премиер Нафтали Бенет дека Русија е подготвена за преговотите во Гомел, а дека Киев покажува недоследност и сѐ уште не ја користи шансата за постигнување мир, објави прес-службата на Кремљ.

„Исто така, беше забележано дека руската делегација е во белорускиот град Гомел и е подготвена за преговори со претставниците на Киев, кои покажуваат недоследност“, се наведува во соопштението.

Се додава дека Бенет во телефонскиот разговор на Путин му ги понудил израелските посреднички услуги со цел да се прекинат воените дејствија во Украина. Рускиот претседател притоа го информирал израелскиот премиер за текот на „специјалната операција за заштита на Донбас“.

Истовремено во Ерусалим зборувајќи во телевизиско обраќање по редовната неделан владина седница, Бенет не ги спомена молбите од Украина да посредува во кризата со Украина.

„Се молиме за благосостојбата на украинските граѓани и се надеваме дека ќе биде спречено натамошното крвопролевање. Се водиме од умереноста и одговорноста“, рече Бенет.

Додаде дека Израел испратил 100 тони хуманитарна помош во Укриана, бвклучително и комплети за прочистување на водата, медицинска опрема и шатори, кои ќе стасаат за неколку дена.

Министерката за внатрешни работи, Ајелет Шакед, која се смета за лице од голема доверба на Бенет, во саботата за изралската телевизија Channel 12 TV рече дека „се разгледува“ молбата од украинскиот претседател Владимир Зеленски за израелско посредување.

Израел бил во конакт со сите страни во судирот, изјави високиот функционер во министер за надворешни работи Хари Корен за радио станицата Kan.

Запрашан дали релативно тивката осудата кон Русија имала цел да се остави отворена опцијата Израел да биде посредник, одговори потврдно велејќи „Токму така како што опишавте“.

Израел е внимателен во поглед на односите со Русија, посебно поради соседна Сирија, каде што има воена моќ и никогаш таму испорачаните руски противоздушни системи не реагираа на израелските воздушни напади врз ирански цели.

Покрај тоа во Израел, живеат стотици илјади рускојазични мигранти од Русија, Украина и Молдавија кои се доселија по распадот на Советскиот сојуз. Исто така, води сметка за благосостојбата на еврејските заедници кои во Русија имаат своја автономна република а во Украина сепак останаа и покрај страувањата од неонацистите чија цел биле во Втората светска војна.